Хуманитарна тортијада на Женскиот центар „Бисера“ на 14 ноември во Охрид
Хуманитарната тортијада е можност преку заедничко дружење, слатки креации и добра волја да се поддржи хуманата мисија на Женскиот центар „Бисера“.

Женскиот центар „Бисера“ од Охрид и оваа година ја организира традиционалната хуманитарна тортијада, настан посветен на креативноста, дружењето и хуманоста. Манифестацијата ќе се одржи на 14 ноември (сабота), во хотелот „Нова Ривиера“, со почеток во 19 часот.
На тортијадата ќе учествуваат две групи натпреварувачки, професионални слаткарки и слаткарки аматерки, кои ќе ги претстават своите слаткарски вештини и креативност преку изработка на уникатни торти.
Од Женскиот центар „Бисера“ упатуваат покана до сите слаткарки од Охрид и околината да се приклучат на настанот, да учествуваат со свои слатки креации и да придонесат за неговото збогатување.
Влезницата, која вклучува и вечера, изнесува 1.200 денари.







