УХМР
УХМР: Следува период на променливо облачно време со повремени локални врнежи од дожд со променлив интензитет
Минималните температури од 10, а максималните до Охрид до 15 степени Целзиусови.

Претежно облачно. По одделни котлини ќе има појава на магла. Најпрво во западните делови, а попладне и кон крајот на денот на повеќе места ќе има повремени врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен, а наместа долж Повардарието повремено засилен ветер од јужен правец.
Минималните температури од 10, а максималните до Охрид до 15 степени Целзиусови.
Од УХМР информираат дека следува период на променливо облачно време со повремени локални врнежи од дожд со променлив интензитет. Од утре под влијание на јужно воздушно струење, температурите ќе бидат во постепен пораст и повторно над просекот за овој период од годината. Ќе дува умерен до засилен, а од среда повремено силен ветер од јужен правец (над 80 km/h), особено во западните делови.








