ЈКП „Дебрца“ доби уште едно ново комунално возило

Општина Дебрца продолжува со обновувањето на комуналната механизација. Во рамки на активностите за подобрување на комуналните услуги, пристигна и второто целосно ново комунално возило за потребите на Јавното комунално претпријатие „Дебрца“.
Информацијата ја објави градоначалникот на Општина Дебрца, Златко Сиљаноски, посочувајќи дека со набавката на двете нови возила се зајакнува капацитетот на претпријатието за поефикасно извршување на секојдневните активности.
Според Сиљаноски, новата механизација треба да придонесе за побрзо и поредовно одржување на јавната хигиена во сите населени места во општината, како и за поголема грижа за животната средина.
„Двете нови возила овозможуваат силна инфраструктурна поддршка, која ќе донесе побрза, редовна и поквалитетна услуга во секое населено место“, истакнува Сиљаноски.








