31-годишен охриѓанец приведен по пријава за физички напад врз девојката

31-годишен жител на Охрид бил лишен од слобода откако бил пријавен за физички напад врз својата девојка.
Според информациите од СВР Охрид, на 15 ноември 2026 година, во 05:05 часот, полициски службеници го привеле Х.К. од Охрид, постапувајќи по претходна пријава дека физички ја нападнал својата партнерка.
По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна кривична пријава, информираат од СВР Охрид.
Според неофицијални информации, инцидентот се случил во автомобил, каде што девојката наводно била физички нападната, при што се здобила со повреди и ја изгубила свеста. Откако се освестила, таа наводно била оставена на улица во близина на маркет, по што била пренесена на лекување во Специјалната болница „Св. Еразмо“ во Охрид.
Надлежните институции работат на целосно расчистување и документирање на случајот.








