Skip to main content

Напаѓачот на девојката имал 1,29 промили алкохол во крвта, Обвинителството најавува одлука за правната квалификација на делото

26-годишната охриѓанка, по физичкиот напад за кој е осомничен нејзиниот 31-годишен партнер, е во добра здравствена состојба и денеска треба да биде пуштена од болница, а Обвинителството најавува официјална одлука за правната квалификација на кривичното дело. Во меѓувреме, пријавени се и закани кон семејството на осомничениот, по што таткото на девојката е лишен од слобода.
 |  Маја Савиќ  | 

Тешка телесна повреда е кривичното дело за кое СВР Охрид го товари 31-годишниот  охриѓанец, кој вчера  вчера во 02 ч  ја истепал  својата 26-годишна девојка. Според полицијата, расправијата започнала во неговиот дом, а продолжила во автомобилот. Откако го запрел возилото, нападот продолжил, при што девојката изгубила свест и паднала.

Осомничениот бил лишен од слобода, , а при алкотестирањето биле утврдени 1,29 промили алкохол во крвта. Возилото му е  одземено, а. по барање на Обвинителството, судот му определи  мерки на претпазливост.

„Извршено е алкотестирање на можниот сторител, поточно на лицето против кое е поднесена кривичната пријава. Кај него се констатирани 1,29 промили алкохол во крвта, по што и по овој основ против него ќе биде поднесена соодветна пријава.” – изјави Стефан Димоски, портпарол на СВР Охрид.

Повредената била пренесена во Специјалната болница Свети Еразмо и е надвор од животна опасност.

„Се работи за модринки и полесни контузии. Направени се потребните медицински испитувања, заклучно со компјутеризирана томографија. Пациентката беше задржана за понатамошна опсервација во текот на целиот ден. Денеска е за испис. Се наоѓа во добра општа здравствена состојба.” -изјави Хари Шокароски, директор на „Св. Еразмо”.

Од Јавното обвинителство информираат дека интензивно се работи на расветлување на случајот.

„Нејзиниот исказ е многу суштествен и од него можат да произлезат докази со голема доказна вредност. Во текот на денот ќе има официјално соопштение за правната квалификација и за соодветната јавнообвинителска одлука.”- изјави републичкиот јавен обвинител Ненад Савески.

Во меѓувреме мајката на осомничениот пријавила дека таткото на девојката упатувал закани кон  семејството, по што  четириесет и деветгодишникот бил лишен од слобода, а против него е поднесена кривична пријава за загрозување на сигурноста.

Новинар Соња Рилковска