Дримскиот дијалог во нова фаза
На 2-ри ноември годинава од Охрид отпочнуваат првите консултации за решавање на еден комплексен воден систем, од што целиот регион ќе има корист.
Дејан Паноски
Тригодишната иницијатива, која се состоеше во борба на лобирање, пишување и работа, конечно се исплати. Од Билатералниот Секретаријат на Охридското Езеро Дејан Паноски ги најави првите официјални национални консултации за Дримскиот Дијалог проект од кој 5 земји во регионот треба да излезат со заедничка визија за управување со овој басен. Охрид на 2 ноември годинава ќе биде домаќин на големиот и значаен настан за регионот, рече Паноски. Додаде дека поради извориштето на реката Дримнашиот град добил приоритет.
Целта на Дримскиот дијалог е регулација и надминување на проблемите кои години наназат Дримскиот басен ги бележи како негатива вели Паноски. Тој додава дека со новата фаза точно ќе бидат одредени ингеренциите на локално и централно ниво како секој би имал своја одговорност во својот дел.
Паноски е убеден дека нашата земја има доволно стручен кадар кој ќе се ангажира околу овој проект, кој отвара голема работа за сите.
Искуствата и успесите на Проектот за Охридско Езеро, проектот за Преспа кој е во тек и проектот за Скадар ќе бидат носители на целата активност, вели Паноски. Тој потенцира дека овој проект е за општо добро како на општините, така за државата и регионот. Првите национални консултации за Дримскиот проект ќе се одржат во Охрид и ко-организатор заедно со UNECE , MIO ECSDE и GWP Medditeranian ,се јавува и Билатералниот Секретаријат за Охридско Езеро . Дримскиот дијалог е фаза во која сите релевантни институции на државно , локално , научно и невладино ниво ќе треба да се обединат во поставувањето на целите како да се обезбеди квалитетно управување со целиот речен басен вклучувајќи ги езерата.
{loadposition content9}