рке
Од полноќ ново намалување на горивата
Дизелот ќе се продава за 92 денари, а бензините ќе се нудат по цена од 84 и 86 денари
| инфодеск | Македонија

Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) денес ги намали цените на горивата.
Малопродажните цени на бензините бензините се намалуваат за 2 денари по литар и кај бензинот од 95 октани ќе изнесува 84, денари, додека малопродажната цена на бензинот од 98 октани ќе изнесува 86 денари.
Цената на дизелот се намалува за 2,50 ден/лит, и таа ќе изнесува 92 денари. За 3 денари се намалува и цената на екстра лесното масло за домаќинство и од полноќ ќе се продава по цена од 100,5 денари.
РКЕ ја намали и цената на Мазутот М-1 НС, за 0,998 ден/кг и тој ќе се продава по цена од 48,314 денари за килограм.








