општина вевчани
Започна уредувањето на речното корито на Вевчанска река
Започна расчистување на Вевчанска река од Дејков мост до мостот на обиколницата

Градоначалникот на Општина Вевчани, Спасе Кочовски информираше дека општината започна со активности за расчистување на речното корито на потегот од Дејков мост до мостот на обиколницата околу Вевчани поради заштита и одбрана од поплави и обезбедување на непречен проток на водите во Вевчанска река.
Градоначалникот додаде дека расчистувањето на останатиот дел од речното корито, кон Вевчански извори, општината ќе го спроведе во пролетниот период следната година.







