Skip to main content

Притвор до 30 дена за охриѓанецот осомничен за физичкиот напад врз 26-годишна девојка

31-годишен охриѓанец ќе помине до 30 дена во притвор поради сомнение дека извршил насилство врз 26-годишна девојка, која противправно ја затворил, физички ја нападнал и ѝ нанел телесни повреди.
 |  инфодеск  | 
Суд

Основниот суд во Охрид му одреди мерка притвор во траење до 30 дена на 31-годишниот охриѓанец осомничен за бруталниот напад врз 26-годишна девојка.

Основното јавно обвинителство Охрид презеде итни дејствија и поднесе обвинение против осомничениот за три кривични дела: телесна повреда, противправно лишување од слобода и загрозување на сигурноста.

„При вршење семејно насилство, обвинетиот противправно ја затворил, физички ја нападнал, телесно ја повредил и ја загрозил сигурноста на една оштетена.

Во текот на денот, со цел испитување на настанот, јавниот обвинител презеде повеќе дејствија. Испитана беше оштетената во присуство на социјални служби и беше наредено и извршено вештачење на видот и карактерот на нејзините повреди.“ – соопштија од ОЈО Охрид.

Имајќи ги предвид утврдените околности во предметот, заедно со обвинението, Обвинителството доставило и предлог за определување мерка притвор. Осомничениот бил обезбеден во текот на целата постапка, а Судот го прифатил предлогот и му одредил притвор до 30 дена.