JП „Охридски комуналец“ во четврток ќе подигнува отпад од садовите за селекција

Јавното претпријатие „Охридски комуналец“ ги известува граѓаните дека во четврток, 19 ноември 2026 година, согласно Календарот за подигнување селектиран отпад за 2026 година, ќе врши собирање отпад од жолтите и сините канти наменети за селекција.
Акцијата ќе ги опфати домаќинствата од улиците „Железничка“, „Прилепска“, „Винковачка“, „Будва“, „Крали Марко“ и „8-ми Март“.
Од претпријатието апелираат до граѓаните од наведените улици да го почитуваат распоредот за подигнување на селектираниот отпад и правилно да го одлагаат отпадот, односно во жолтите садови да фрлаат само пластика, а во сините хартија и картон.
Граѓаните можат да го користат и зелениот телефон на претпријатието за пријавување неправилности или добивање дополнителни информации.
Од „Охридски комуналец“ потсетуваат дека правилната селекција на отпадот е заедничка одговорност и важен чекор кон почиста животна средина.







