Приведени две лица од Мешеишта затекнати при бесправна сеча
Од СВР Охрид информираат дека по целосно документирање на случајот против лицата ќе биде поднесена соодветна пријава.

Две лица од селото Мешеишта, , биле лишени од слобода поради сомнение за бесправна сеча на дрва во месноста „Копрница“, во атарот на селото Мешеишта, општина Дебрца.
Како што информираат од СВР Охрид, на 16 ноември во 16:50 часот, полициски службеници ги 38 годишниот маж и малолетникот како со моторна пила бесправно сечат дрва и ги товарат во патнички возила „Опел Фронтера“ и „Сангјонг“, двете без регистарски таблички.
Бесправно исеченото огревно дрво, како и двете возила, биле одземени и предадени на Шумската полиција за понатамошна постапка.
Од СВР Охрид информираат дека по целосно документирање на случајот против лицата ќе биде поднесена соодветна пријава.
фото: ТВМ архива







