Охриѓанец со 2,22 промили алкохол со четирицикл излетал од коловозот на „Туристичка“
Возилото со охридски регистарски ознаки е одземено, а по целосно документирање на случајот, против возачот ќе биде поднесена соодветна пријава, информираат од полицијата.

41-годишен охриѓанец бил лишен од слобода откако управувајќи четирицикл под дејство на алкохол изгубил контрола и излетал од коловозот на булеварот „Туристичка“ во Охрид.
Според информациите од СВР Охрид, настанот се случил на 16 ноември во 21:47 часот, на крстосницата меѓу булеварот „Туристичка“ и улицата „Стив Наумов“.
При извршениот увид и алкотестирање било утврдено дека возачот го управувал четирициклот со 2,22 промили алкохол во крвта.
Возилото со охридски регистарски ознаки е одземено, а по целосно документирање на случајот, против возачот ќе биде поднесена соодветна пријава, информираат од полицијата.







