Skip to main content

УХМР метеоаларм: Oбилен дожд и ветер над 80 километри на час

Во изминатите 24 часа најмногу дожд наврнал во  Лазарополе – 8 литри на квадратен метар и во Охрид 7 литри на метар квадратен.
 |  инфодеск  | 

Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) издаде метеоаларм за денеска, 18 ноември 2026 година, поради најавени пообилни врнежи од дожд и повремено силен ветер.

Во западните делови од земјата врнежите ќе бидат пообилни (над 15 литри на квадратен метар). Ќе дува умерен до засилен, а наместа во западните делови повремено силен ветер од југозападен правец (над 80 километри на час). Максималната температура ќе биде во интервал од 17 до 21 степен.

Во изминатите 24 часа најмногу дожд наврнал во  Лазарополе – 8 литри на квадратен метар, 7 во Охрид, 2 во Крива Паланка .