Skip to main content

Општина Струга го крои Буџетот за 2027 година, граѓаните повикани да достават предлози

Какви проекти и инвестиции ѝ се потребни на Струга во 2027 година? Општина Струга ги повикува граѓаните, граѓанските организации, здруженијата и месните заедници активно да се вклучат во подготовката на општинскиот буџет со свои идеи, предлози и иницијативи.
 |  инфодеск  | 

Општина Струга го започна процесот на подготовка на Буџетот за 2027 година, при што ги повикува сите заинтересирани граѓани да дадат свој придонес во утврдувањето на приоритетите за идниот развој на општината.

Целта е преку активно учество на јавноста да се идентификуваат потребите на граѓаните и да се предложат проекти и инвестиции што ќе придонесат за подобрување на инфраструктурата, јавните услуги и севкупниот квалитет на живот.

Предлозите и иницијативите граѓаните можат да ги достават на следниве начини: писмено: во архивата на Општина Струга, по електронска пошта: info@struga.gov.mk , на јавна расправа: на 1 декември 2026 година (вторник), со почеток во 11:00 часот, во просториите на Општина Струга.

Од Општината посочуваат дека мислењето и учеството на граѓаните се важен дел од процесот на креирање на буџетот, со цел заеднички да се утврдат приоритетите и да се планира развојот на Струга во наредната година.