Лешани доби фитнес центар, донација за спорт и рекреација на учениците и локалното население

Градоначалникот на Општина Дебрца, Златко Сиљаноски, денеска го посети новиот фитнес центар во Лешани, кој е опремен благодарение на донацијата од почесниот конзул на Република Србија, Михајло Филев.
На посетата присуствуваа и националната координаторка за туризам Билјана Стефаноска, директорката на ООУ „Дебрца“, Елена Ристоска, како и наставникот по физичко образование Горан Цветковиќ.

Со новата опрема се создаваат подобри услови за реализација на наставата по физичко образование, но и за рекреативни активности на локалното население.
Сиљаноски упати благодарност до донаторот Михајло Филев за поддршката, истакнувајќи дека ваквите партнерства се значајни за развојот на спортот и подобрувањето на условите за живот во руралните средини.
Од Општина Дебрца посочуваат дека инвестирањето во спортот, образованието и здравиот развој на младите останува еден од стратешките приоритети, со најави за реализација на слични спортски содржини и во другите населени места во општината.










