Skip to main content

23-годишна девојка од Куратица пријавена за исчезната

Од СВР Охрид информираат дека се преземаат мерки за пронаоѓање на девојката.
 |  Маја Савиќ  | 
Свр охрид

На 18 ноември 2026 година, во 23:30 часот, во СВР Охрид било пријавено исчезнување на 23-годишна девојка од селото Куратица, охридско.

Според пријавата, нејзиниот 49-годишен татко пријавил дека таа се оддалечила од семејниот дом.

Од СВР Охрид информираат дека се преземаат мерки за пронаоѓање на девојката.