Skip to main content

Уапсен 42-годишен охриѓанец по пријава за физички напад врз вонбрачната партнерка

По целосно документирање на случајот, против лицето ќе следува соодветна пријава, информираат од СВР Охрид.
 |  инфодеск  | 
Семејно насилство

На 19 ноември 2026 година, во 03:45 часот, во Охрид, полициски службеници од СВР Охрид лишиле од слобода 42-годишен охриѓанец, постапувајќи по претходна пријава од неговата вонбрачна партнерка дека физички ја нападнал.

Според информациите од полицијата, нападот се случил по кратка расправија во неговиот дом.

По целосно документирање на случајот, против лицето ќе следува соодветна пријава, информираат од СВР Охрид.