Skip to main content

Поради оштетенa водоводна цевка, повеќе улици во Охрид денес без вода

Екипи на ЈП „Водовод“ Охрид се на терен и работат на отстранување на дефектот.
 |  инфодеск  | 

При изведување градежни работи од страна на ЈП „Нискоградба“ Охрид, оштетена е водоводна цевка, поради што денеска од 11:30 часот со прекин во водоснабдувањето ќе се соочат корисниците на повеќе улици во градот.

Без вода ќе бидат жителите на улиците „Никола Карев“, „Мирче Ацев“, „Галичица“, „Карпош Војвода“, дел од улицата „Асном“, дел од булеварот „Туристичка“, како и дел од улицата „Лазо Трпоски“.

Екипи на ЈП „Водовод“ Охрид се на терен и работат на отстранување на дефектот.