Забрана за пиење на водата во околина на ресторанот „Панорама“ во Охрид
Водата ќе може повторно да се користи за пиење откако лабораториските резултати ќе потврдат дека ги исполнува условите за безбедна употреба.

ЈП „Водовод“ – Охрид информира дека поради зголемени вредности на матност, како последица на дефект на водоводната линија, се забранува употребата на водата за пиење во и околу мерното место кај ресторанот „Панорама“ во Охрид.
Забраната ќе остане во сила до добивањето на резултатите од повторената физичко-хемиска и микробиолошка анализа на водата, која ќе ја изврши ЈЗУ Центар за јавно здравје – Охрид.
Водата ќе може повторно да се користи за пиење откако лабораториските резултати ќе потврдат дека ги исполнува условите за безбедна употреба.







