Приведен 26-годишник од Долно Лакочереј, кај него пронајдена бела прашкаста материја
По целосно документирање на настанот, против лицето ќе биде поднесена соодветна пријава, информираат од СВР Охрид.

На 21 ноември 2026 година, во 22:30 часот, на булеварот „Туристичка“ во Охрид, полициски службеници лишиле од слобода 26-годишен жител на селото Долно Лакочереј.
При извршен преглед кај него била пронајдена и одземена бела прашкаста материја. По целосно документирање на настанот, против лицето ќе биде поднесена соодветна пријава, информираат од СВР Охрид.








