СВР Охрид
Запленети 18 рибарски мрежи и над 800 риби при контроли на Охридското Езеро, запленетиот улов предаден во КПУ Затвор Охрид
Од најновиот Билтен на СВР Охрид.

На 20, 21 и 22.11.2026, полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор Охридско Езеро презедоа зајакнати мерки и активности во врска со кривично дело „незаконит риболов“ и извршиле повеќе патролни служби во водите на Охридското Езеро. Притоа, на подрачјето во с.Пештани пронајдени се вкупно 18 рибарски мрежи со вкупна должина од околу 900 метри со вкупен улов од 797 парчиња риба Охридска белвица со тежина од 78 килограми и 77 парчиња риба Грунец со тежина од 4,150 килограми. Известен е надлежниот инспектор за рибарство од Државниот инспекторат за земјоделие, по што запленетиот улов на риба е предаден во КПУ Затвор Охрид.








