Skip to main content

Засилени безбедносни мерки и збрана за паркирање на „Туристичка“ поради самитот Брдо-Бриони

Поради одржувањето на состанокот на лидерите на земјите учеснички во процесот Брдо-Бриони, кој на 27 ноември ќе се одржи во Охрид, СВР Охрид од денеска воведува засилени безбедносни мерки, вклучително и забрана за запирање и паркирање на булеварот „Туристичка“.
 |  инфодеск  | 
Полиција

Поради претстојниот состанок на лидерите на земјите учеснички во процесот Брдо-Бриони, што на 27 овој месец ќе се одржи во Охрид, од денеска СВР Охрид ќе презема мерки за забрана на паркирање на булеварот „Туристичка” во Охрид.

Мерките ќе ги спроведуваат полициските службеници од полициската станица за безбедност во патниот сообраќај Охрид а интензивно ќе се вршат на двете страни  на булеварот „Туристичка” со укажување кон сопствениците на патнички и други моторни возила за забрането запирање и паркирање на нивните возила и за неопходноста од некористење на една коловозна лента на булеварот, како паркинг зона, посочуваат од СВР Охрид.
Оттаму додаваат дека засилените мерки ќе се интензивираат во пресрет на најавениот самит и ќе ги опфатат и магистралните, регионалните и локалните патишта  но и останатите делови од градот за што, јавноста ќе биде навремено информирана.

Од СВР Охрид апелираат до граѓаните-возачи на патнички и други моторни возила,  да ги почитуваат насоките на полициските службеници.