Институцинална борба против организираниот криминал
Во Струга одржана регионалната конференција за борба против злосторничкото здружување и примената на посебните истражни мерки.
конференција
Нема простор за организираниот криминал. Со овие зборови, Министерот за правда Михајло Маневски ја објасна потребата од регионалната соработка помеѓу институциите, како клучна активност во борбата против организираниот криминал, поточно против злосторничкото здружување. Манвски додаде дека меѓународниот организиран криминал и корупцијата претставуваат една од најголемите закани кои се проширија во сите делови на светот во изминативе неколку децении. Поради ова, потребна е координирана реакција, во согласност со претходно дефинираната глобална стратегија
Министерот Манески потенцира дека со измените и дополнувањата на кривичниот законик од март месец годинава, појасно е дефиниран поимот злосторничко здружување. Претседателот на Здружението на јавни обвинители на РМ, Марко Зврлевски потенцира од важноста за решавање на дилемите околу помиот злосторничко здружување кои се однесуваат на структурата на злосторничките групи. Исто така, Зврлевски се осврна и на интерагенциската и институционална соработка помеѓу земјите од регионот.
За тоа дека криминалот не познава граници зборуваше и Заменикот државен јавен обвинител од РС Димитрие Попиќ, кој кажа дека учеството на оваа конференција е продолжение на исклучително добрата соработка помеѓу обвинителствата на РМ и РС, за прашања кои се однесуваат на борбата против организираниот криминал.
Конференцијата е организирана од страна на Здружението на јавни обвинители и е поддржана од Набљудувачката мисија на ОБСЕ во Скопје, како и од Програмата на американската амбасада за развој, помош и обука на обвинителството надвор од САД. Учесниците ќе предложат и пакет препораки за подобрување на домашната законска регулатива, со цел земјите од регионот полесно да се справат со организираниот криминал, а со тоа да се подобри целосната безбедносна слика во регионот.
{loadposition content9}