Кривична пријава за злоупотреба на службена положба поврзана со изградба на хотелски комплекс во Охрид
Кривична пријава за злоупотреба на службена положба поднесе СВР Охрид против 67-годишен жител на Кавадарци и фирма во негова сопственост, во врска со ставање во употреба на хотелски комплекс во Охрид, за кој постојат сомневања дека бил изграден спротивно на одобрението.

СВР Охрид поднесе кривична пријава против 67-годишен жител на Кавадарци и правно лице во негова сопственост -Друштво за градежништво и трговија од Кавадарци, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „Злоупотреба на службена положба и овластување“ по член 353 од Кривичниот законик.
-Пријавениот, во својство на надзорен орган составил и потпишал технички извештај и ставил во употреба хотелски комплекс изграден во Охрид, лоциран на катастарска парцела „Елшани”. Тоа го сторил иако знаел дека хотелот е изграден спротивно на издадено одобрение и има изведени нелегални градби на хотелски комплекс, се наведува во полициското соопштение.








