Четворица охриѓани приведени по тепачка на улицата „Сирма Војвода“
По целосно документирање на настанот против лицата ќе биде поднесена соодветна пријава, информираат од СВР Охрид.

Најмалку четири лица се приведени ноќеска во Охрид поради нарушување на јавниот ред и мир со меѓусебна тепачка, при што сите биле во алкохолизирана состојба.
На 24.11.2026 година, во 01:40 часот, на улицата „Сирма Војвода“ во Охрид, полициски службеници ги привеле четири лица на возраст од 21, 25, 33 и 35 години, сите од Охрид.
Тепачката била пријавена во полиција, а по целосно документирање на настанот против лицата ќе биде поднесена соодветна пријава.








