Отворен првиот „Саем на жената“
Саем на жената беше отворен денеска во Скопје и ќе трае до недела.

Модни куќи, салони за убавина, фитнес центри, козметички брендови, здравствени установи, издавачки куќи и се друго што е поврзано со интересот на жената е дел од ова прво издание . Готвење во живо, професионални презентации и предавања, музички настапи, модни ревии, ќе бидат дел од содржините кои ќе бидат презентирани на тридневниот саем.
Свет на вкусови, здрав живот, мода, стил, забава, убавина, бизнис и кариера се сегментите кои ќе го одбележат овој настан.
„Жената е столб на општеството и затоа заслужува посебно внимание“, рече кореографката Рисима Рисимкин на отворањето на саемот.
Организатор на овој настан е „Омни Ивент“. Нивната претставничка Викторија Јордановска изрази надеж дека овој саем ќе прерасне во традиција.
{loadposition content9}
Latest Македонија
