Skip to main content

Паметно пазарување со помал трошок, супер понуди, акции и попусти во SPAR маркет

Постојаните акции и попусти на различни категории производи се една од поволностите што СПАР маркет им ги нуди на потрошувачите во Охрид. Од свежи прехранбени производи и намирници за секојдневна употреба, до производи за домаќинството, хигиена и облека, понудата редовно се менува, со намалувања кои достигнуваат и до 60 проценти.
 |  инфодеск  | 

Во време кога секојдневното пазарување сè повеќе бара внимателно планирање на домашниот буџет, акциите и попустите се меѓу поважните фактори при изборот на производи. Различни категории артикли по намалени цени, временски ограничени понуди и можност за избор од широк асортиман – ваква е понудата што СПАР маркет ја подготвува за своите потрошувачи во Охрид.

„Да, ги следам акциите и важни ми се. Имаат во Spar, да, имаат акции. Сигурно дека тоа е добро за потрошувачите, за посиромашните уште подобро.“-вели охриѓанка во анкета за ТВМ.

„Да, да, ги следам. Важни се, нормално дека се важни, за сите нас. На интернет ги следам понудите, па потоа доаѓам тука да видам. Па сега бев на поминување, пак дојдов пак да проверам нешто друго да не имаат на акција.“ – вели купувач.

Понудите се менуваат во текот на неделата, а опфаќаат различни категории производи. Тридневните акции траат од понеделник до среда, додека нови понуди следуваат од четврток до недела. Дополнително, купувачите во Охрид имаат на располагање и неделен промотивен леток, кој започнува во среда и трае до следниот вторник.

Во зависност од периодот, на намалување се производи од различни оддели – свежо месо, овошје и зеленчук, млечни производи, сувомеснати производи, пијалаци, производи за домаќинството и лична хигиена, како и текстил и производи за домот. Попустите достигнуваат и до 60 проценти, зависно од производот и актуелната понуда.

„Ако е застапен квалитетот и рокот на траење е во ред, во тој случај пожелно е за народот да земе нешто што е поевтино на акција, бидејќи знаеме дека денешницата носи тешка финансиска ситуација. бидејќи знаеме денешницата носи тешка финансиска ситуација и према тоа… убав е тој потег од маркетите, да организираат ваков вид на акции. Jас сум задоволна. Има свежо, мислам производи, дали е месо, дали сирења, млечни производи генерално“ – вели една охриѓанка.

Меѓу поновите промотивни содржини е и Неделата на појадокот. Во фокусот се производи за еден од најважните оброци во денот, од свежи крофни и пекарски производи, до млечни производи, намази и други слатки и солени намирници. Понудата обединува производи од повеќе оддели, со посебно намалени цени, овозможувајќи избор за различни вкусови и потреби.

Покрај производите за секојдневните потреби, на рафтовите веќе пристигнуваат и артиклите што го најавуваат претстојниот празничен период. Новогодишни украси и декорации, како и празнични кондиторски производи од сопствената линија на СПАР, го збогатуваат изборот. Дел од понудата се и традиционалните италијански празнични колачи, Панетоне и Пандоро, а асортиманот во претстојниот период ќе се надополнува.

„Битно е, како не, за ова време. Сè што има е потребно за домаќинството. Разгледувам и земам што ми е потребно. Убаво, тоа е убаво се, има стока, само уште повеќе да има некои артикли од запад што се во Италија, Германија“- вели еден потрошувач.

Актуелните акции и промотивни понуди се објавуваат и на официјалната Фејсбук страница на СПАР, каде што потрошувачите можат навремено да се информираат за производите на намалување. Со менување на понудите во текот на неделата и застапеност на различни категории производи, акцентот е ставен на поголем избор и можност за поповолно секојдневно пазарување.