Црвен крст Охрид
Почина Миле Трпеновски, доајен на хуманитарното движење на Црвениот крст во Охрид
Погребот и поменот за Миле Трпеновски ќе се изврши на гробиштата во Охрид, на 26 ноември 2026 година, во 12 часот.

На 90 годишна возраст во Охрид почина Миле Трпеновски, големиот хуманист, долгогодишен секретар и доаен во Црвен крст Охрид, Црвен крст на Македонија и воопшто во хуманото движење на Црвен крст и Црвена полумесечина.
-Неговиот хуман лик и активност остава силен мотивирачки белег кај многу генерации хуманисти, волонтери и членови на Црвениот крст. Неговиот хуман однос во заедницата е пример за сите популации и поттик за градење на позитивни односи. Високиот морален и хуман чин го изразуваше кон своето семејство со постојана родителска грижа, велат од Црвен крст Охрид.
Од таму додаваат дека Трпеновски создаде и остави документирани пишани трагови за хуманоста, особено во делото „Впечатоци за хуманоста“.








