Skip to main content

Уапсен 55-годишен охриѓанец по пожар во стан на улицата „Гоце Делчев“, осум лица завршија во болница

По целосно документирање на случајот, против осомничениот ќе биде поднесена кривична пријава за кривично дело „Предизвикување општа опасност“.
 |  инфодеск  | 

Педесет и петгодишен охриѓанец денеска е лишен од слобода под сомнение дека предизвикал пожар во својот стан на улицата „Гоце Делчев“ во Охрид. Во инцидентот, осум лица биле повредени или имале потешкотии со дишењето, поради што со возила на Итната медицинска помош биле пренесени во Општата болница во Охрид.
Како што информираат од СВР Охрид, по избувнувањето на пожарот, со брза интервенција на полициските службеници, припадниците на Територијалната противпожарна единица од Охрид и медицинските екипи била извршена евакуација на повеќе жители од станбената зграда.
Во координација со надлежните служби, СВР Охрид презема дополнителни мерки за поддршка на станарите и стабилизирање на состојбата.
По целосно документирање на случајот, против осомничениот ќе биде поднесена кривична пријава за кривично дело „Предизвикување општа опасност“.