Skip to main content

УХМР

Викендов облачно и дождливо

Денешните температури во Охрид од 8 до 10 степени Целзиусови.
 |  инфодеск  | 

Облачно и дождливо, локално пообилни (над 20 l/m² за 24 часа). По одделни котлини и на некои повисоки места ќе има појава на магла. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец.

Под влијание на циклонска активност во деновите од викендот времето ќе биде облачно и врнежливо. Во сабота наместа врнежите ќе бидат пообилни (над 30 l/m² за 24 часа). Поради продор на постуден воздух од север врнежите ќе бидат од дожд и снег во некои од пониските, а на повисоките места и на планините од снег. На планините ќе се формира нова снежна покривка до 20 сm, а помала покривка (2 до 10 сm) се очекува да се формира и на повисоките места. Во недела кон крајот на денот врнежите ќе престанат. Од понеделник времето ќе биде стабилно и студено.

Денешните температури во Охрид од 8 до 10 степени Целзиусови.