Skip to main content

Денеска започнува судењето за нападот врз 26-годишната охриѓанка Сара

Предметот ќе го води судијата Александра Поп Стефанија, а од судот соопштија дека за овој како и за сите останати предмети ќе обезбеди транспарентост во законски рамки.
 |  инфодеск  | 
Суд

Со главна расправа, во Основен суд Охрид започнува судењето за нападот врз 26-годишната девојка од Охрид, Сара, од страна на нејзиниот 31-годишен партнер охриѓанецот Кристијан.

Предметот ќе го води судијата Александра Поп Стефанија, а од судот соопштија дека за овој како и за сите останати предмети ќе обезбеди транспарентост во законски рамки.

Настанот се случи на 15.11.2026 околу 02:00 часот, кога по претходна расправија охриѓанецот физички ја нападнал неговата 26-годишна девојкаво возилото. Откако сопрел, продолжил со нападот, при што девојката изгубила свест. Девојката била пренесена во болницата „Св. Еразмо“ во Охрид, каде ѝ биле констатирани тешки телесни повреди.

Основниот суд во Охрид му одреди мерка притвор во траење до 30 дена, а Основното јавно обвинителство Охрид поднесе обвинение против напаѓачот за три кривични дела: телесна повреда, противправно лишување од слобода и загрозување на сигурноста.