Skip to main content

Кралицата од фондот за сиромашните сакала да си го плати парното

Британската кралица Елизабета II се обидела да ги искористи парите од државниот фонд наменет за сиромашните за да ги плати сметките за греење на Бакингемската палата, пишува весникот „Индипендент“.

 |  Маја Савиќ  | 
Kralicata Elizabeta
Кралицата Елизабета

Бакингемската палатаБританската кралица Елизабета II се обидела да ги искористи парите од државниот фонд наменет за сиромашните за да ги плати сметките за греење на Бакингемската палата, пишува весникот „Индипендент“.

Весникот врз основа на Законот за достапност на информациите добил документ кој покажува дека претставниците на кралицата побарале од британската влада парична помош за трошоците за греење.

Владата одбила да издвои пари од Фондот што е наменет за помош во греење на семејствата со ниски примања и на јавните установи како што се училиштата и болниците.    

Во одговорот што е проследен до претставниците на британската кралица наведено е дека може да дојде до негативен публицитет ако парите за греење и се доделат на Бакингемската палата, наместо на пример на некоја болница.

Британските даночни обврзници веќе издвојуваат 38 милиони фунти за кралското семејство.

{loadposition content9}