Што ќе никне на плажата „Галеб“
Деградацијата на паркот на струшката плажа „Галеб“, недопустлива за екологистите. Локалната смислува начин како легално да го оправда темелот на новиот објект.
плажа Галеб
Во Струга владее урбан хаос,децидни во ставот екологистите од Струга. Тие креваат раце од сите релевантни фактори во државава, кои според нив имаат законско право да им застанат на патот на уништувачите на зеленилото. Сметаат дека личните интереси на поедини луѓе кои очигледно добро профитираат во нашата земја се одлично заштитени, така што никој ништо не им може. Мате Гогоски познат екологист вели дека покатастрофална состојба од оваа досега немало и додаде дека веќе собираат потписи од граѓаните кои ќе бидат доставени до некоја сигурна европска порта.
Првиот човек на општина Струга Рамиз Мерко, не се согласува со конататациите дека во неговата општина владее хаос во урбаната сфера. Тој убеден е дека секоја градба во неговата општина е под контрола, иако минатата недела кога го прашавме за овој проблем не излезе со конкретен став. И неговата последна изјава не појаснува конкретно што се случува.
Градежниот инспектор на општина Струга сеуште го мерка местото каде во моментов неколку дена после нашата реакција воопшто не се гради. Што ќе никне на ова место останува да видиме. Но, едно е сигурно дека поради овој зафат настрада голема зелена површина и неколку стари дрвја кои беа одлична сенка и украс во паркот.
{loadposition content9}