Ден на љубовта
Триесетти септември е денот на љубовта за православните христијани. Празникот е посветен на великомаченичката Софија и нејзините ќерки Љубов, Вера и Надеж.
| Маја Савиќ | Македонија
Триесети септември е денот на љубовта за православните христијани.Празникот е посветен на великомаченичката Софија и нејзините ќерки Љубов, Вера и Надеж. Во Охрид има црква посветена на светите маченички, каде традиционално се организира прослава за жените со споменатите имиња, а сретствата собрани ги донираат во хуманитарни цели.
Софија и нејзините ќерки живееле и страдале во Рим, во времето на царот Адријан. Софија останала вдовица и се посветила со своите ќерки во верата Христова.Тогаш започнало нивното прогонување и мачење.Вера имала дванаесет, Надеж десет, а Љубов девет години. Мачителот ги ставил на големи маки, а потоа им ги отсекле главите. Софија ги зела мртвите тела на своите ќерки, ги однела надвор од градот и таму ги погребала. Останала на нивниот гроб три дена и три ноќи молејќи го Бога да ја земе во рајските населби, каде што ја чекале душите на нејзините ќерки.
Овој ден е како традиција која се почитувала со векови наназад и била пренесувана од нашите предци до ден денешен.Ова е ден на кој ништо не е невозможно,ден на прославата на трите најважни пориви кои и во најтешките моменти ги држат луѓето исправени.Честит празник и имајте секогаш вера,љубов и надеж во животот!
{loadposition content9}