Кои се европските мети на Ал Каеда?
Меѓу потенцијалните цели на терористички напади во Европа се Ајфеловата кула, париската катедрала Нотр дам, централната железничка станица и телевизиската кула во Берлин.
| Маја Савиќ | Свет
Ајфелова кула Париз
Владата на САД ги посоветува вчера Американците да покажат будност при патувањата во Европа поради потенцијални терористички закани од страна на Ал каеда и други екстремистички групи.Според телевизијата Фокс њуз, која се повикува на два разузнавачки извори, меѓу можните цели се Ајфеловата кула и катедралата Нотр дам во Париз, новата централна железничка станица, телевизиската кула „Александерплац“ и луксузниот хотел „Адлон“ во близина на Брандербуршката порта во Берлин.
Едниот од цитираните е високопоставен западен разузнавач. Тој истакнал дека тие податоци биле собрани при распитот на германски државјанин од пакистанско потекло во американската военовоздухопловна база „Баграм“ во Авганистан.
{loadposition content9}