Езерото порибено со подмладок на пастрмка
Охридското езеро порибено со 360 000 единки подмладок на пастрмка. Ова е последната фаза од вештачкото порибување за годинава.
Денес Охридското езеро се пориби со 360 000 единки од ендемскиот вид пастрмка. Порибувањето со овој вид риба спаѓа во рамките на редовните годишни активности на охридскиот Хидробиолошки завод. Овој период од годината посебно е погоден за опстанокот на пастрмката вели првиот човек на оваа установа Гоце Костоски. Костоски е голем оптимист дека мора да успеат во нивните напори, овој вид риба да се зачува во езерските води .
Факт е дека легалниот лов на пастрмката од албанска страна многу допринесува за угинување на овј вид, вели Костоски. Додава дека досега сеуште не се превземени сериозни чекори на државно ниво тоа да се надмине.
Заштитата на Охридското езеро очигледно е под она ниво на кое што треба да биде, вели Зоран Спиркоски од Хидробиолошкиот завод. Според него и Албанија и Македонија се немилосрдни кон ловот на пастрмката.
Подмладокот на пастрмка е фрлен на 130 метри длабочина во езерото. Овој период е најдобар за опстанок на овој вид тврдат експертите на Хидробиолошки. Од таму потенцираат дека за време на вештачкиот мрест се врши биометриско мерење на цела изловена риба за да се утврдат старосните групи, полот и да се види во каква состојба се. Првиот човек на оваа институција Костоски, кажа дека од 2005 година заводот бележи нагорна линија во бројот на икра со која се порибува езерото. Но додаде дека сеуште не е постигнат биолошкиот оптимум кој е потребен за езерото да се пориби а тоа е 3,5 до 4 милиони единки подмладок на ендемскиот вид. Костоски дециден во својот став дека доколку не се лови три до пет години од двете страни и од Албанија и од Македонија пастрмката ќе се врати. После тоа може да се размислува и да се врати рекреативниот риболов на блинкер кој претставува атракција за бројните гости, додава тој.
{loadposition content9}