Skip to main content

Шварценегер се заглавил во московско метро

Арнолд Шварценегер, некогашната холивудска ѕвезда, сегашен гувернер на Калифорнија, допатувал во Москва на чело на делегацијата од силиконската долина за да го посети Сколково, руско седиште на најсовремената индустрија.

 |  Маја Савиќ  | 
Svarceneger i Medvedev
Шварценегер и Медведев

Арнолд Шварценегер, некогашната холивудска ѕвезда, сегашен гувернер на Калифорнија, допатувал во Москва на чело на делегацијата од силиконската долина за да го посети Сколково, руско седиште на најсовремената индустрија.
Svarceneger i Medvedev
Веднаш штом слетал Шварценегер поставил своја слика на интернет и напишал „ Само што слетав во Москва. Денот е прекрасен. Едвај чекам да се сретнам со претседателот Медведев. Рускиот претседател на тоа набрзо му одговорил „Добро дојдовте во Москва“.

Гувернерот на Калифорнија добил желба да се повози со Московското метро, заедно со него под земјата слегле и амбасадорот на САД и Австрија. И веднаш избил инцидент. Телохранителите на Шварценегер не успеале да му купат карти, па гувернерот се заглавил на самиот влез помеѓу шипките за безбедност. Тоа секако привлекло големо внимание, околу славниот глумец веднаш се насобрале сите присутни.

Додека бил во просториите на Американската трговска комора во Русија, Шварценегер изјавил дека Русија ја засакал уште во далечната 1961, кога сеуште живеел во Виена и го гледал светското првенство во дигање тегови. Најголем впечаток му оставиле советските натпреварувачи Јуриј Власов и Леонид Жаботински „ Беа така високи и снажни, тогаш си реков кога ќе пораснам ќе бодам како нив, рекол Шварценегер пред присутните.

Svarceneger i Medvedev

{loadposition content9}