Skip to main content

Проценка на состојбата во Општата болница во Охрид

Министерот за здравство Бујар Османи се запозна со вонредната состојба во охридската болница, тој направи увид на моменталната состојба со кадрите, опремата и текот на реконструкцијата на оваа здравствена установа.

 |  Крсте Голабовски  | 
Opshta bolnica Ohrid
Општа болница Охрид
Bujar OsmaniМинистерот за здравство Бујар Османи се запозна со вонредната состојба во охридската болница, тој направи увид на моменталната состојба со кадрите, опремата и текот на реконструкцијата на оваа здравствена установа.

Согласно новиот концепт за реорганизација на здравството по региони, Министерот за здравство Бујар Османи ги посети болниците и здравствените домови во Кичево, Макеоднски Брод, Охрид и Струга. Цел на посетата е да се согледа состојбата со кадрите, опремата и процесот на реконструкција на дел од оваа здравствена установа во нашиов град. Османи потенцира дека станува за еден голем проект и можеби најкапиталната инвестиција со која оваа установа се соочила.

plan za rekonstrukcijaМинистерот кажа дека се прават и анализи кои се однесуваат на кадровскиот развој на установата, во врска со перспективата на оваа здравствена установа. Во наредните 5 години ќе се пензионираат некои од специјалистите, па со тоа ќе започне и нов процес на едукација. Што се однесува до процесот на реконструкција на некои од одделенијата на болницата, Османи иформира дека станува збор за капитална инвестиција од големи размери. Додава дека дислокацијата на некои од одделенијата како и вработените е тежок процес, и апелира за максимален ангажман од сите вработени и во болницата во Охрид како и во Струга. Што се однесува до гласините за предвремно отпуштање на родилките од струшката болница поради наводната пребукираност на ова одделение, Министерот Османи кажа дека за тоа прв пат слуша. Министерот потенцира дека треба дополнително да се испита дали наводните предвремени отпуштања на родилките се во рамките на доктринарните ставови или едноставно гласини. Инаку Одделението за гиникологија во Струга работи со двојно поголем капацитет од вообичаено. Бројот на  родилки кои се породуваат во Струга е дури за 100 % зголемен поради реконструкција на општата болница во Охрид. Двојно повеќе има и стручен кадар. По завршувањето на реновирањето на дел од старата  охридска болница,  охриѓани ќе добијат современ и луксузен болнички комплекс. Досегашните субстандардни услови во кои се лекуваа граѓаните, а работеа лекарите и медицинскиот персонал ќе бидат само дел од минатото.

{loadposition content9}