Корупција има
Свесни за оваа состојба се и надлежните, високо државни структури на земјава. Борбата против ова зло отпочна, но очигледно, не доволно за да се сузбие. Министерот за правда Михајло Манески веќе предложи низа превентивни мерки, но и континуирана а не кампајнска битка.
конференција за корупција
Корупцијата навлезена во сите пори на општеството. Политиката и јавната администрација на прво место а останатите сфери од општествениот живот со послаба интенција. Најсилен инструмент во борбата против корупцијата е конфискација на имотот. Имплементација на законот за управување со конфискуваниот имот веќе резултира и може да се тропне пред европските порти, кажа денес од Охрид, Министерот за правда Михајло Манески. Додаде дека во државата се води успешна политика за справување со корупцијата.
Слаѓана Тасева официјалниот претставник на земјава за ГРЕКО, рече дека има уште многу да се работи на полето на борбата со корупцијата во земјава. Таа рече дека имаме добро напишани закони, но на нивната имплементација треба многу да се работи, бидејќи според податоците од извештајот на Европската комисија на тоа поле потфрламе.
Според податоците на МВР кривичните дела за корупција, досега имаат нанесено штета на буџетот од 3 милијарди денари. Министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска, рече дека треба сериозна посветеност на овој проблем.
Претседателот на Државната Комисија за спречување на корупцијата во Р. Македонија, Илми Селами, рече дека во борбата против корупцијата мора да се вклучат сите чинители во системот на државата. Тој потенцира дека корупцијата кај нас има варијабилна интенција.
Директорот на Царинската Управа Ванчо Каргов, потенцира дека во рамките на царинското работење се работи на сузбивање на криминалот преку низа програми и едукативни состаноци. Тој кажа дека корупцијата во царинското работење се намалува.
Конференцијата „Борба против корупцијата – Интегративна сперега од домашни и меѓународни активности која се одржува во Охрид, се организира во рамките на Македонското претседателство со Комитетот на министри на Советот на Европа.
Охридската средба е продолжение односно надоврзување на претходните два евалуациски круга во рамките на ГРЕКО, а истовремено во овие два дена активностите ќе бидат фокусирани на враќањето на противправната имотна корист (поврат на имот) во борбата против корупцијата.
{loadposition content9}