Skip to main content

Јавно приватно партнерство „ДА“, но строго дефинирано

Јавно приватно партнерство во МЈП Проаква, добредојдено за замена на старите дотраени водомери. Но во јавниот интерес, капиталот, услугите и контролата над производството на вода, никој не може да замеша прсти, вели првиот човек на МЈП „Проаква“, Бранислав Трпчевски.

 |  Билјана Николовска  | 
MJP Proakva
МЈП Проаква
branislav TrpceskiЈавно приватно партнерство само за точно одредени активности. Неодамна струшките советници на последната седница на Советот ја усвоија предлог одлуката за отпочнување постапка за јавно приватно партнерство во МЈП „Проаква“. Некои од граѓаните на Струга кои не сакаа јавно да проговорат пред нашите камери, оваа предлог одлука ја разбраа со доза на резерва. Според нивното размислување отпочнување постапка за јавно приватно партнерство во ова ЈП било несватливо. Првиот човек на МЈП „Проаква“ Бранислав Трпчевски ги појасна работите околу оваа состојба. Директорот децидено кажа, дека јавниот интерес, капиталот, услугите и контролата над производството на водата ја има ЈП и тоа никој не може да го отуѓи.
Трпчевски ја оправдува грижата на дел од јавноста во Струга. Тој рече дека граѓаните имаат право да знаат што се дава и што се нуди во самата постапка за јавно приватно партнерство во МЈП „Проаква“.  
Директорот на Проаква, Трпчевски, во врска со отпочнувањето на постапката за јавно приватно партнерство рече дека сите позитивни законски регулативи се испочитувани и оти нема екстремни ситуации. Во тој контекс го спомна Законот за јавно приватно партнерство, Законот за водоснабдување, за јавни претпријатија, за локална самоуправа, за трговски друштва и за комунална дејност.

{loadposition content9}