Skip to main content

Се фискализираат некои од дивите паркинзи во Струга

Пазарните инспектори велат дека и покрај постојаните контроли кои се прават од нивна страна, сеуште има паркинзи кои несоодветно работат и за кои е поденсено барање до основен суд за забрана за работа.

 |  Крсте Голабовски  | 
parking
паркинг
Иако за голем број од локациите кои може да се користат за паркирање, градскиот совет на Струга не даде зелено светло, издавањето на одредени паркинзи помина на една од седниците на Совет без разлика на спротивставените ставови на некои од советниците.  Но остана прашањето, кој стопанисува со објектите кои досега работеа и каде завршија  и не така малите средства кои се собираат од стопанисувањето со истите. Од Државниот пазарен инспекторат, Одделението за инспекциски надзор од Струга, велат дека после направените контороли, констатирано е дека одредени закупци веќе располагаат со договори за закуп, како и решенија за упис во Централен регистар. Така фискализиран е паркингот кај Градска плажа, долно ниво северно од паркот со 130 паркинг места, потоа десната коловозна лента на ул. „Пролетерски бригади“ со 60 паркинг места. Началникот на пазарниот инспекторат во Струга, Надица Николовска изјави дека проблеми на терен сеуште има.

parkingНиколоска вели дека и паркинзите пред Пливалиште, пред зградата на општината, како и дел од паркингот на ОУ „Браќа Миладиновци“ се фискализирани. Што се однесува за паркингот наспроти женска плажа, за него е поднесено барање до Основен суд по закон за трговски друштва, дод ава Николовска.
Секое приватно лице кое сака да врши таква дејност треба да има регистрирано подружница и задолжително да издава фискална сметка, потенцира началникот. Во спротивно,  граѓаните можат да ги пријават случаите каде нема да се применуваат овие правила, додава Николоска. Пазарните инспектори од одделението постојано вршат контроли и на другите паркиркинзи, информира началникот. Вели оти кај легалните паркинг простори досега е констатирано дека ангажираните лица задолжително издаваат фискална сметка.

{loadposition content9}