На Смоларскиот водопад ќе се одржи првата Костенијада
Во функција на развојот на руралниот туризам и промоција на природните богатства на Беласица, општина Ново Село, в недела на просторот под Смоларскиот водопад ќе ја организира првата Костенијада.
| Маја Савиќ | Македонија
Смоларски водопади
Во функција на развојот на руралниот туризам и промоција на природните богатства на Беласица, општина Ново Село, в недела на просторот под Смоларскиот водопад ќе ја организира првата Костенијада, манифестација која заедно со етно-фестивалот „Новофест“ треба да придонесе за натамошна афирмација на материјалните и духовните вредности на овој регион.
Иницијативата на градоначалникот на Ново Село со одушевување беше прифатена од граѓаните на Смолари, кои изразија целосна подготвеност да учествуваат во реализацијата на овој проект.
Целта на манифестацијата е презентација на повеќе производи направени од надалеку познатиот смоларски костен, но и на други локални производи, пијалоци, рачни изработки и други кулинарски вештини и етнолошки вредности карактеристични за ова поднербје. Учесниците и присутните гости за време на одржувањето на „Костенијадата“ ќе ги забавува КУД „Јане Сандански“ од Ново Село кое ги негува етнолошките и музичките традиции од овој крај.
{loadposition content9}