Skip to main content

Се спасува она што се може

Наместо еднаш засекогаш да се реши проблемот со дрвениот мост во Струга, кој претставува потенцијална опасност од повеќе аспекти, истиот се санира и реновира.

 |  Билјана Николоска  | 
sanacija Drven most
санација Дрвен мост

sanacija Drven mostЗатворен дрвениот мост во Струга. Деновиве тој подлежи на санација и реконструкција. Овој зафат го изведува ХЕЦ Глабочица, Струга. Дрвениот мост во Струга, претставува времен регулаторен објект кој е изграден на истекот на реката Ц. Дрим и ваква функција има околу 50-тина години. Директорот на подружницата ХЕЦ. Глабочица, Тихомир Скепароски, рече дека конечно е дадено зелено светло од страна на Електрани Македонија да се санира и реконструира мостот кој подлежи на специфичен зафат.

Постапката за избор на адекватен изведувач била отворена 3 месеци. После тоа е потпишан договор со локалната фирма Маркоски К-73 и пристапено е кон припремните работи околу санацијата и реконструкцијата на времениот објект, вели Скепароски.

drven mostДиректорот на ХЕЦ „Глобочица“ признава дека без амин на Електрани Макеоднија не можат да превземат никакви активности. Скепароски задоволен и од Секторот за урбанизам и градоначалникот на Струга, кои максимално се ангажирале околу добивањето на сите потребни дозволи за зафатите на овој регулаторен објект. Останува отворено прашањето, што е толку спорно околу фамозниот договор со нашиот западен сосед Албанија, како овој времен објект стар околу 50 години би го добил вистинската  функција.

{loadposition content9}