Мајкл Фелпс ќе отвори фондација за развој на пливањето
Најдобриот светски пливач Мајкл Фелпс, наградата од милион долари од фирмата „Спидо“ ќе ја искористи да отвори фондација за развој на пливачкиот спорт, која ќе го носи неговото име.

„Тоа е најдобар начин да помогнам во развојот на пливањето во Америка“, рече Фелпс, кој новата фондација ќе ја промовира на турнеја во осум градови низ САД.
Портпаролот на компанијата „Спидо“ Одра Силвермен вети дека фирмата ќе уплати уште 200.000 долари на име на фондацијата.
„Спидо“ уште на ОИ во Атина во 2004 година му понуди награда на Фелпс, но пливачот тогаш не успеа да го помине рекордот на Марк Шпиц поставен на Олимпијадара во Минхен во 1972 година со седум златни медали. Мајкл во Атина тогаш освои шест златни и две бронзени медали.
Фелпс со освоени вкупно 14 златни медали е најуспешен спортист во историјата на Олимписките игри.