Skip to main content

Струга нема неонатолог

На одделението за гинекологија во Струга, добредојдени охридските неонатолози. Размената на практичните искуства во овој дел од медицината, вродија со конкретен плод.

 |  Билјана Николовска  | 
doktori Struga
доктори Струга

ginekologija StrugaНа одделението за гинекологија во Струга, добредојдени охридските неонатолози. Размената на практичните искуства во овој дел од медицината, вродија со конкретен плод.

Новороденчињата досега ги прегледуваше педијатар кој работи во рамките на одделението за педијатрија при општа болница Струга. Со новите прилики поради реконструкцијата на охридската општа болница, познато е дека неколку одделенија од Охрид, комплетно се префрлени во Струга. Едно од нив е и гинеколошкото одделение. Заедно со охридските гинеколози, во Струга дојдоа и неонатолозите. Гинекологот Др. Станислав Буклиоски вели дека неонатолозите од Охрид се добредојдена помош на гинекологија и олеснување во добар и важен дел од нивната работа.

Во Струга до пред две години имаше неонатолог кој го дал својот максимум и заминал во примарната медицина, потенцира Буклиоски. Тој додава дека веќе се размислува и на струшкиот оддел за гинекологија да се отвори неонатолошко одделение, како мошне важен сегмент во работењето.

Потешкотиите со кои се соочија вработените и пациентите на гиникологија во Струга, поради двојно зголемениот обем на работа, очигледно влечи и позитивни искуства. Ова е еден добар пример за тоа.

 {loadposition content9}