Skip to main content

„Мајки“ во борба за номинација за Оскар

На 10 Ноември, во склоп на промоција на евопските кандидати за „Оскар“, ќе биде прикажан Филмот „Мајки“ на режисерот Милчо Манчевски заедно со уште 12 европски филма на Американскиот филмски Маркет во Лос Анџелес.

 |  Маја Савиќ  | 
Majki
Мајки
MajkiНа 10 Ноември, во склоп на промоција на евопските кандидати за „Оскар“, ќе биде прикажан Филмот „Мајки“ на режисерот Милчо Манчевски заедно со уште 12 европски филма на Американскиот филмски Маркет во Лос Анџелес

Македонскиот Филмски Фонд во јули оваа година го пријави учеството на наш кандидат за „Оскар“ за оваа акција која е во организација на EFP (European Film Promotion). За овие скрининзи ангажиран е публицистот Татјана Детлофсон и испратени се покани до сите членови на Американската Филмска Академија.

Следниве 13 филмови се кандидати за номинација за најпрестижната филмска награда „Оскар“:

– „MAMMA GOGO“, Fridrik Thór Fridriksson, Исланд (88 мин)
– „TIRZA“, Rudolf van den Berg, Холандија (102 мин)
– „TAMBIÉN LA LLUVIA (EVEN THE RAIN)“, Icíar Bollaín, Шпанија (104 мин)
– „9:06“, Igor Sterk, Словенија (71 мин)
– „THE BORDER“, Jaro Vojtek, Словачка (72 мин)
– „LA PIVELLINA“, Tizza Covi и Rainer Frimmel, Австрија (100 мин)
– „THE BLACKS“, Ѕвонимир Јуриќ и Горан Девиќ, Хрватска (78 мин)
– „LA PETITE CHAMBRE“, Stéphanie Chuat и Véronique Reymond, Швајцарија (87 мин)
– „THE ANGEL“, Margreth Olin, Норвешка (97 мин)
– „SIMPLE SIMON“, Andreas Öhman, Шведска (90 мин)
– „BIBLIOTHEQUE PASCAL“, Szabolcs Hajdú, Унгарија (111 мин)
– „EASTERN PLAYS“, Kamen Kalev, Бугарија (89 мин)
– „MOTHERS“, Милчо Манчевски, Македонија (123 мин)

{loadposition content9}