Џокович оди во полуфиналето на УС Опен
Новак Џокович се пласира во полуфиналето на УС Опен, со победата над американецот Енди Родик, со 3-1 во сетови и тоа 6-2,6-3,3-6,7-6.
Новак Џокович се пласира во полуфиналето на УС Опен, со победата над американецот Енди Родик, со 3-1 во сетови и тоа 6-2,6-3,3-6,7-6. Во репризата на минатогодишниот меч за титулата, Џоковиќ, за место во финалето ќе игра против Роже Федерер. Во меѓусебните средби, швајцарецот има предност од 6-2, но Џоковиќ го доби претходниот грен слем дуел, во полуфиналето на Отвореното првенство на Австралија, на патот кон титулата.
Српскиот тенисер го реши мечот за 2 часа и 34 минути, а ја пропушти можноста да го заврши и за многу побрзо време. После доминантната игра во првите два сета, Џоковиќ му допушти на американецот да се врати во мечот и да дојде во можност да изедначи, но со одличната игра во финишот на четвртиот сет, го надохнади заостатокот од еден брејк и го совлада Родик во тај-брејк.