Skip to main content

Шеесет верници од Струга утре заминуваат на аџилак во Мека и Медина

Шеесет луѓе од Струга утре ќе заминат на аџилак во Мека и Медина во Саудиска Арабија каде ќе приуствуваат на верските обреди по повод големиот муслимански празник Курбан Бајрам.

 |  Маја Савиќ  | 
Meka
Мека
adziiШеесет луѓе од Струга утре ќе заминат на аџилак во Мека и Медина во Саудиска Арабија каде ќе приуствуваат на верските обреди по повод големиот муслимански празник Курбан Бајрам.

Дел од верниците од Струга ќе заминат со автобус, а друг дел со авион. Предвидено е таму да останат најмалку петнаесет дена.

Најстариот член на групата која ќе замине за Мека и Медина има 85 години, додека најмладиот 29 години. Во струшката болница тие денеска ја примија потребната вакцина против маларија, која е бесплатна и која верниците мора да ја примаат пред секое заминување.

{loadposition content9}