Кој чека ќе дочека
Кутаноски кажа дека капелата првично ќе ја користат православните за одлагање на мртовци, но појасна дека таа е комплетно опремена и за покојните од муслиманската вера.
Околу капелата во текот на вчерашниот ден била поставена и порта, се израмнило земјиштето, како тоа место би се заштитило од фрлање на смет како што досега тоа било практика, вели Кутаноски. Тој со стартот на капелата очекува и средување на гробиштата каде очигледно владее башибозук.
Кутаноски очекува комплетно средување на состојбата со струшките гробишта и веќе еднаш засекогаш да се заокружи овој фамозен проект. Тој рече дека не можат да стигнат да завршат до 7 ми ноември како што било предвидено, но максимум за 30 дена најави комплетно и партерно и хортикултурно средување на струшките гробишта.