Skip to main content

Политичката сцена во Струга се размрда од корен

Стружани да не бидат жртви на ниските политички игри, кои деновиве ги сервираат коалициските партнери ВМРО – ДПМНЕ и ДУИ, во реализација на нивните цели, порачаа од Демократската партија на Албанците во Струга. 

 |  Билјана Николоска  | 

Дали Рамиз Мерко се зачлени во ВМРО – ДПМНЕ? – прашуваат од струшкиот огранок на ДПА. Само ако е така, може да му се прости на Мерко за тоа што деновиве се погласно се коментира, дека од пред три недели, на општина Струга и биле одземени надлежностите од градежниот инспекторат, а за тоа, од таму, никој јавно не зборува, обвинуваат од ДПА. Тајните средби во „четри очи“, се само доказ за реализација на партиски поставените цели на двата коалициони блока, вели секретарот на ДПА од Струга Џемал Арслани.


„Јавно го прашуваме г. Мерко во какво својство беше посетата в „четри очи“, со генералниот секретар на ВМРО – ДПМНЕ, г. М. Протугер на општина Струга што се случи пред десет дена? Само едно кратко појаснување на јавноста, еден партиски секретар од толкав ранг остварува средби со своето членство“, изјави Арслани.
Серијата на пресс конференции што ги прави ДПА од Струга, се оправдан аларм за хаосот што владее во урбанизмот во овој град, посебно, имајќи го во предвид фактот, што тоа се плати и со човечки животи,  вели Арслани.
Струшкиот огранок на ДПА потполно се согласува со одлуката за одземање на надлежностите на градежниот инспекторат од Струга, од страна на Министерството за Транспорт и врски. Но, од друга страна пак, кај нив постои оправдана загриженост дека целиот процес се манипулира од Мерко, односно, ДУИ, и Миле Јанакиевски, односно, ВМРО-ДПМНЕ, изјави Арслани. Тој му порача на Јанакиески, да почне со средување на хаосот почнувајќи од градот, а не од планина. Арслани директно посочи од каде точно. „ објектите, од стружани наречени БОРО-РАМИЗ на женска плажа, паркинзите кои патем не исполнуваат ни минимум стандарди, невиден хаос во градскиот сообраќај, платформите над езерото, меѓу кои и онаа на градоначалникот Мерко, неконтролираното узурпирање на јавните површини – шеталиштата по течението на реката Дрим и десетици дивоградби внатре во градот“.
Арслани вели дека хаосот во урбаната сфера може да се среди многу лесно, но очигледно било дека и градоначалникот на Струга и Министерот за транспорт и врски се грижеле само за рејтингот, за  ништо друго.

{loadposition content9}